Еден од најомилените голмани во историјата на фудбалот Рене Игита реши да го промени личниот опис. Легендарниот Колумбиец, кој ја заврши кариерата во 2009 година, призна дека направил естетска операција.
Рекол дека му здосадило да слуша колку е грд и затоа решил да направи неколку пластични операции.
„Уморен сум да ми кажуваат дека сум грд. Сакам да бидам згоден и убав Рене и затоа се решив на овој чекор“, изјави Игита.
Откри дека прво го оперирал носот, па ставил силиконски имплант во брадата. Потоа следеше пилинг на кожата, корекција на очните капаци и липосукција.
По сето тоа конечно беше задоволен од својот изглед! Погледнете како изгледа Игита сега:
Игита во кариерата беше познат по „шкорпијата“, познат потег кога акробатски ја одбрани топката од гол линијата. Како голман во кариерата постигна дури 41 гол, а неколку пати беше суспендиран поради употреба на кокаин.
И во 1993 година, тој беше дури и уапсен за наводни врски со Пабло Ескобар.
“Кога започна потерата по Пабло, сите негови пријатели беа уапсени. Бев под притисок да го изневерам, но навистина не знаев ништо. Не бев негов пријател. Луѓето мислеа дека сум негов пријател бидејќи отидов да го посетам во затвор. Властите знаеја дека сум невин, но во потрага по него ги испрашуваа сите што го посетуваа“, изјави Игита.
Ова е неговата позната одбрана ,,шкорпија,, по која стана славен во светот….
The post ВИДЕО: Легендарниот голман го промени личниот опис – Еве како изгледа денеска! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico