(ВИДЕО) Мајк Тајсон продава несекојдневни бомбони – Ќе се изненадите од обликот и по кого се направени!

Сподели

Поранешниот апсолутен боксерски шампион има смисла за маркетинг и рекламирање.

фото: INSTAGRAM

Мајк Тајсон некогаш беше апсолутен владетел на рингот во тешка категорија. Во текот на кариерата, па и потоа, неговиот живот бил проткаен со низа контроверзи, од гризење на увото на Евандер Холифилд, до тепање и малтретирање жени, а потоа почнал да одгледува марихуана.

Мајк Тајсон има плантажи со марихуана веќе неколку години. Одгледувањето на ова растение е дозволено во Калифорнија, а поранешниот боксер секоја година го проширува својот имот, бидејќи бизнисот се покажал како многу профитабилен.

Челичниот Мајк очигледно има чувство за добар бизнис, па затоа одгледува марихуана на 16 хектари земја. Според медиумите од САД, Мајк Тајсон заработува 6.000.000 долари годишно.

Претежно марихуаната од „Мајк ранч“ се користи за медицински цели, а неодамна Тајсон потпишал договор со компанија која произведува гумени бомбони. И тоа не било какви…

Овој деликатес има облик на увото на Евандер Холифилд. Во маркетингот, овој потег се покажа како одличен, бидејќи производот брзо ги нашол потрошувачите, а со тоа донел и дополнителен приход на поранешниот боксер.

Од друга страна, многумина на социјалните мрежи го осудуваат Тајсон тврдејќи дека неговата идеја е морбидна.

The post (ВИДЕО) Мајк Тајсон продава несекојдневни бомбони – Ќе се изненадите од обликот и по кого се направени! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico