(ВИДЕО) Меси излезе на терен со дете кое е трипати побогато од него!

Сподели

Loading

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси му донесе бод на Интер Мајами во второто коло од МЛС лигата во САД.

фото: INTER MIAMI CF/INSTAGRAM

Меси беше стрелец во 92. минута и со тоа го постави конечниот резултат (1:1), откако голот за Лос Анџелес Галакси го постигна српскиот фудбалер, Дејан Јовељиќ.

Оваа игра беше интересна на многу начини. На пример, Новак Џоковиќ и Владе Дивац се појавија на трибините, но и во соблекувалната на домашните.

Сепак, еден детал привлече големо внимание.

Меси влезе на теренот држејќи се за рака со осумгодишно момче кое е трипати побогато од него…

Станува збор за Сент Вест, син на еден од најпознатите рапери во светот, Кање Вест и старлетата и ријалити ѕвезда Ким Кардашијан.

Гордата мама објави видео од својот син кој излезе на теренот со Аргентинецот.

„Сент оди покрај Меси и оди на теренот на натпреварот помеѓу Галакси и Мајами. Тој апсолутно го живее својот сон!“, рече таа.

Вредноста на Ким Кардашијан се проценува на 1,7 милијарди долари, а на Кање Вест на околу 400 милиони, додека богатството на Меси се проценува на 600 милиони долари.

The post (ВИДЕО) Меси излезе на терен со дете кое е трипати побогато од него! first appeared on .

The post (ВИДЕО) Меси излезе на терен со дете кое е трипати побогато од него! appeared first on .

Powered by WPeMatico