(ВИДЕО) Најбрзиот црвен картон во историјата на фудбалот – Еве зошто по само 5 секунди беше исклучен!

Сподели

Loading

Фудбалерите на Борнмаут постигнаа гол против Арсенал со прекрасна акција за само девет секунди по стартот од центарот, а сега видовме уште еден шокантен старт, но воопшто не убав.

фото: Printscreen

На Азискиот куп до 20 години во првиот натпревар од групната фаза се сретнаа младинците на Јордан и Таџикистан.

По само пет секунди од натпреварот, фудбалерот на Јордан, Бејкер Камал Калбунех тргна по топката, која веднаш беше јасно дека нема да ја достигне.

Мехрубон Камиров од Таџикистан беше првиот што ја допре, но можеби ќе посакаше да не го стореше тоа.

Имено, Калбунех невнимателно ја подигна ногата високо и со копачките го удри Камиров во главата.

Овој беше нокаутиран, логично, па дури и младиот Калбунех (19) се грчеше од болки во ногата!

Но, не му помогна тоа, веднаш беше добри директен црвен картон и беше исклучен – по само пет секунди игра!

И покрај тоа што потоа го одиграа целиот натпревар со играч помалку, Јорданците победија со 2:0.

The post (ВИДЕО) Најбрзиот црвен картон во историјата на фудбалот – Еве зошто по само 5 секунди беше исклучен! first appeared on .

Powered by WPeMatico