Голден Стејт по големата драма го совлада „супертимот“ на Бруклин со 110:106, а човек на одлука беше Клеј Томпсон.
Страшниот шутер постигна тројка на 12,5 секунди до крајот за 107:103, а потоа победата ја потврди со уште две слободни фрлања, потврдувајќи дека Вориорси со него се кандидати за титулата.
По тешката повреда, и практично две и пол години надвор од теренот, Томпсон успешно се врати на паркетот и покажа дека ќе биде исклучително важен фактор за Голден Стејт, кој сега има многу поголеми шанси со него во тимот.
Тие се во серија од пет победи по ред и моментално го држат второто место на Западот, а несомнено е дека Клеј Томпсон само ќе ја подобрува формата како што одминува сезоната.
Тој синоќа постигна 16 поени и ја погоди втората тројка и покрај седумте промашувања, што само говори каков шампион е тој.
Погодува кога е најважно, како што беше порано …
Погледнете!
KLAY THOMPSON L’ASSASSIN !! pic.twitter.com/J7mrFyYDrC
— TrashTalk (@TrashTalk_fr) January 30, 2022
The post ВИДЕО: Не играше кошарка две години но погоди тројка за победа во дербито на НБА! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico