(ВИДЕО) Нешто невидено во спортот – Победникот решен преку познатата машка игра ,,КОМПАНИЈА,,!

Сподели

Актуелниот шампион на Тур де Франс, Тадеј Погачар, ги воодушеви гледачите со потегот во самиот финиш на трката низ Словенија.

фото: Twitter/Eurosport

На изненадување на сите му предложи на својот најблизок конкурент Рафал Мајка додека беа во движење кон целта да ја играат познатата машка игра ,,КОМПАНИЈА,,.

Полјакот го прифати тоа, па двајцата натпреварувачи замавнаа со рацете некаде на 200 метри пред да влезат во целта.

Наместо да спринтуваат рамо до рамо, одиграа игра на среќа во која победата на крајот ја извојува полски велосипедист. Погачар веќе му ја честиташе победата!

Словенецот потоа малку го намали темпото, оставајќи го ривалот прв да помине низ целта, а дотогаш и двајцата речиси се гушнаа и ги извозеа последните десет метри од трката…

Вакво нешто досега е невидено во спортот, а и двајцата покажаа почитување и спортски дух меѓусебе што е за почит…..

Одличниот Словенец, точно, можеше да си дозволи да загуби бидејќи е убедливо прв во генералниот пласман, а и двајцата беа далеку пред конкуренцијата на споменатата трка (22 секунди од останатите), па овој финиш беше круна и одличен начин да се стави точка на етапата.

The post (ВИДЕО) Нешто невидено во спортот – Победникот решен преку познатата машка игра ,,КОМПАНИЈА,,! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico