(ВИДЕО) Почнаа тестирањата во Ф1, а првата трка е на 5-ти март – Уживајте во 5-те најдобри битки во Бахраин!

Сподели

Loading

Во Бахреин започнаа претсезонските тестови во пресрет на новата 2023 сезона во Формула 1, а најбрзиот возач на Ферари Карлос Саинц е на половина пат од првиот дел.

Саинц постигна резултат од 1:33.253 минути и досега извозе 30 круга.

Актуелниот светски шампион на Ред Бул, Макс Верстапен постави поголемо време на круг од 1:33.593.

Мерцедесот го вози Џорџ Расел, кој има седмо време од 1:36.776.

Резервниот возач на Астон Мартин, Фелипе Друговиќ, имаше проблеми со автомобилот, поради што тестирањето беше прекинато на кратко, а неговото возило беше одвлечено со камион.

Болидот беше покриен така што другите тимови не можеа детално да го видат неговиот дизајн.

Шампионот во Формула 2 го замени Ленс Строл за време на тестирањето, кој се здоби со полесни повреди додека го возеше својот велосипед на тренинг во Шпанија.

Во следните два дена тестирањето ќе биде во два дела, претпладне и попладне.

Новата сезона во Формула 1 започнува на 5 март со Големата награда на Бахреин.

До тогаш ужувајте во 5-те најголеми битки на оваа патека во нејзината историја….

The post (ВИДЕО) Почнаа тестирањата во Ф1, а првата трка е на 5-ти март – Уживајте во 5-те најдобри битки во Бахраин! first appeared on .

Powered by WPeMatico