Иако вети дека никогаш нема да го продаде, поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ одлучи да го стави на аукција дресот на Диего Марадона од четвртфиналниот натпревар на Светското првенство во 1986 година.
Марадона постигна два гола во еден од најконтроверзните натпревари на сите времиња и го одведе својот тим во полуфиналето.
Еден од тие голови е прогласен за најубав на 20 век, додека другиот стана познат како „Божја рака“.
Повеќе од 35 години дресот со број 10 беше во сопственост на Хоџ, кој на крајот од натпреварот го замени дресот со славниот Марадона, а Хоџ му го препушти дресот на Националниот фудбалски музеј во Манчестер.
Аукциската куќа „Сотби“ ќе го изложи дресот во своите простории во Лондон за време на онлајн аукцијата што ќе трае од 20 април до 4 мај.
Почетната цена на аукцијата ќе биде четири милиони фунти.
Аукцискиот рекорд беше поставен во 2019 година, кога дресот на легендарниот американски безбол играч Бејб Рут беше продаден за 5,6 милиони долари.
Дуелот меѓу Аргентина и Англија се одигра на 22 јуни 1986 година во Мексико Сити, четири години по фолкландската војна меѓу двете земји…
The post (ВИДЕО) Прославениот дрес на Марадона од 1986 на аукција – Ова е неговата почетна цена! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico