(ВИДЕО) Само еден тренер беше вака доволно храбар и луд да збори со милијардерот Абрамович!

Сподели

Рускиот милијардер Роман Абрамович поради пријателските односи со рускиот претседател Владимир Путин се најде под жесток притисок од јавноста во Велика Британија и беше протеран од Англија.

Тој повеќе нема да биде сопственик на Челзи, клубот кој го донесе на врвот на англискиот, европскиот и светскиот фудбал.

Абрамович стана сопственик на компаниите кои го контролираа Челзи во јуни 2003 година и за кратко време направи одличен тим.

Во ерата на Роман, „Сините“ освоија пет од шесте национални шампионски титули, пет ФА купови, три Лига купа, две Лига на шампиони и две титули во Лигата на Европа.

Навивачите имаат голема почит кон Русинот, а истото важи и за сите кои имале соработка со него.

Човекот кој покрај Абрамович секако е најзаслужен за одличните резултати на Челзи е Жозе Мурињо, тренерот кој го одбележа престојот на Русинот во Челзи.

Португалецот е личноста која можеше да разговара со Абрамович како никој друг, за што сведочат зборовите на Мурињо во интервјуто кое го даде пред неколку години.

„Специјалниот“ се потсети на периодот кога во клубот го донесе Дидие Дрогба…

,,Дрогба е неверојатно верен, никогаш не заборави дека го донесов од Марсеј во Премиер лигата кога не очекуваше. И тој не беше толку млад. Пред Марсеј играше за Генгамп – изјави Мурињо и потоа откри како го убедил Абрамович дека центарфорот од Брегот на Слоновата Коска е вистинското решение.

,,Се сеќавам дека Абрамович ме праша „кого сакаш од напаѓачите?“, му реков „Дрогба“. Ме праша „Кој е тој? Каде играше? Реков „Господине Амбрамович, плати, плати и не збори ништо“. Дидие стана икона и во Челзи и Премиер лигата.

Дрогба во дресот на Челзи одигра вкупно 381 натпревар во кои постигна 164 гола и забележа 87 асистенции.

Тој го напушти Лондон во 2012, играше кратко за Шенхуа во Кина, па за Галатасарај, а летото 2015-та се врати на Стемфорд Бриџ.

Кариерата ја заврши во 2018 година откако играше во МЛС лигата за Монтреал, Аризона и Феникс.

The post (ВИДЕО) Само еден тренер беше вака доволно храбар и луд да збори со милијардерот Абрамович! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico