На мечот меѓу Оклахома и Мемфис, на самиот старт се случи комична ситуација кога екипите на теренот излегоа во дресови со иста боја!
Домашната екипа на Оклахома излезе во бело, а во таа боја беше и Мемфис и не можеше да се издвојат играчите на теренот!
„О, човече. Ова е прв пат, 25 години работам во НБА и никогаш не сум го видел ова, двата тима да излезат во домашни дресови на паркетот“, изјави коментаторот на натпреварот.
Погледнете како изгледаше тоа:
На крајот екипата на Оклахома остана на теренот, а Мемфис мораше да истрча во соблекувалната за играчите да се пресоблечат во сини дресови во кои на крајот победија.
The post (ВИДЕО) Циркус на НБА натпревар – Тимовите направија забуна, излегоа со иста боја на дресовите! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico