Неверојатни сцени се случија во француската Лига 1, на натпреварот помеѓу Ница и Марсеј.
Навивачите на Ница фрлаа предмети и пластични шишиња во текот на целиот натпревар кон играчите на Марсеј, се додека Димитри Паје не беше погоден од едно такво шише во главата.
Во знак на револт Паје го зеде шишето и го фрли назад кон трибините на Ница, а потоа настана хаос. Навивачите влегоа на теренот, по што и со некои фудбалери на Марсеј физички се пресметаа.
Судијата веднаш го прекина мечот. Додека се случуваше хаосот со навивачите на теренот, Хорхе Сампаоли имаше свое шоу.
Сакаше да го претепа Жан Клер Тодибо, фудбалерот на Ница, па Аргентинецот мораше да го разделат Паје, чуварите и стручниот штаб од Тодибо.
Ваков скандал Франција одамна не памети…
The incident that caused the suspension of the Nice vs Marseille game.#OM#Ligue1UberEatspic.twitter.com/K1vUwOoCbC
— Matthew Bauer (@mattbauer__5) August 22, 2021
The post ВИДЕО: Ваков скандал Француската Лига 1 не памети – Зошто навивачите на Ница влегоа на терен на сред меч!? appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico