Бугарската фондација „Македонија“ на Виктор Стојанов, на Фејсбук објави нова провокација, каде се вели дека доколку македонските граѓани го променат презимето на „ов“ или „ев“ – ќе добијат 300 евра.
„Кампања за жителите на Северна Македонија со бугарско потекло: Вратете го вашето презиме во Ов/Ев и добијте 300 евра! Контактирајте ја Фондацијата Македонија“.
Од Македонците се бара да побараат промена на презимето и да го внесат во изводот на матична книга на родените а за начинот како ќе ги подигнат парите ќе треба да ја контактираат Фондацијата.