На тенискиот гренслем Вимблдон познато е кој ќе игра во финалето во женска конкуренција.
Таму едно е сигурно сестринско финале нема да има. Актуелната шампионка Серена Вилијамс и Анжелик Кербер во реприза на финалето од Австралија опен ќе играат ново финале, но сега на Вимблдон.
На Централниот терен во „Сеанглискиот клуб“ Американката, во првото полуфинале без многу проблеми ја совлада Елена Веснина со 2:0 во сетови 6-2 и 6-0.
Таа се избори за своето девето финале и ќе атакува на седмата титула во Лондон.
Кербер пак во второто полуфинале ја победи постарата од сестрите Вилијамс, Венус со 2-0 во сетови на двапати по 6:4 во гејмови, што за Германката ќе биде прво финале на Вимблдон, a второ гренслем финале во кариерата.
Венус, која пет пати го има освоено Вимблдон и која по седум години одново играше во полуфиналето, имаше проблеми со форхендот што на крајот ја однесе во пораз.
Финалето се игра утре, а Серена Вилијамс ќе има можност да и се реваншира на Кербер за поразот во финалето на првиот Грен слем, Австралија Опен, во јануари кога Германката победи со 6-4, 3-6, 6-4.
Денеска на Вимблдон се играат машките полуфинални мечеви Рожер Федерер – Милош Раониќ и Енди Мареј-Томаш Бердих.
The post Вимблдон 2016: Серена Вилијамс против Анџелик Кербер во финалето кај дамите! appeared first on Спорти.
Source: Sporty