И во Скопје и во Атина и официјално се демантираат шпекулациите од грчките медиуми, дека грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе побара ООН да одобри дополнителен протокол кој ќе го допрецизира Преспанскиот договор во смисла дека ќе дава многу ограничен простор за наведувањата на јазикот и нацијата – изјави портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.
Пишувањата на грчките медиуми доаѓаат по изјавите на премиерот Зоран Заев во Собранието за учењето на македонскиот јазик во Грција, за неговата употреба, и за „Егејска Македонија“.
Како што пишуваше атинска „ИЕфимерида“ сега, кога веќе владата во Атина станала свесна дека терминот „македонски јазик“ останува во употреба кај северниот сосед, се обидува да најде начин како да одговори и да ги „минимизира штетите“, наводно со дополнителен протокол кој би се усвоил во ООН.
Бошњаковски вели дека во тоа што го тврдат грчките медиуми нема вистина, односно дека не е точно дека сега „Грција се обидува да ги „минимизира штетите“, наводно со дополнителен протокол кој би се усвоил во ООН“.