Владата на вчерашната седница донела одлука да испрати финансиска помош во висина од шест милиони денари до Владата на Грција, за справување со катастрофалните пожари што овие денови ја зафатија пошироката околина на главниот град Атина.
Дополнително, Владата донела одлука да формира координативно тело кое на дневно ниво ќе ја следи состојбата и ќе координира соодветна хуманитарна помош, што ќе се договори како потреба со надлежните институции во Грција и со градот Атина.
Владата исто така донеала одлука за финансиска помош исто од шест милиони денари, да биде испратена и до Владата на Јапонија за поддршка во справувањето со последиците од земјотресот што неодамна ја погоди оваа земја.