Влада: Трговците да прибавуваат задолжителни количества овошје и зеленчук

Сподели

 

Владата на вчерашната седница донесе одлука трговците кои продаваат овошје и зеленчук, да прибавуваат и продаваат 70 проценти од количествата коишто ги продале во јануари и февруари.

Оваа одлука, којашто следува по одлуката за замрзнување на цените на определени видови овошје и зеленчук, е предвидено да важи до крајот на април.

Заклучено е дека е потребна ваква одлука, како што соопшти предлагачот, Министерството за економија, по координативниот состанок на надлежните институции во врска со предметното прашање.