Владата ја демантира информацијата која ја сподели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, а е во врска со вакцинирањето против ковид-19 на дел од министрите во Владата.
„Најостро демантираме, не постои никакво вакцинирање министри! Ги повикуваме пратеникот и порталите кои ја шират оваа тешка дезинформација да се откажат од манипулациите со населението во овие моменти на тешка здравствена состојба во државата“, стои во објавата на официјалниот Твитер профил на портпаролот на Влада.
Информацијата ја демантираше и министерката за образование и наука, Мила Царовска.
„Пратеникот Антонио Милошоски, кој се етаблираше како главен извор на лажни вести, повторно споделува лаги. Во целост ги демантирам информациите дека сум се вакцинирала, не ми паѓа на памет да ја злоупотребам позицијата. Барам Милошоски итно да се извини за лагата, освен манипулации друго од опозицијата не може да се очекува“, напиша Царовска на својот Фејсбук профил.