Владата донесе одлука да се укине мерката за задолжително поседување КОВИД-19 сертификат за влез во трговски центри/молови, за кои останува како задолжително носењето заштитни маски, додека обврска за задолжително поседување на КОВИД-19 сертификат останува за влез во угостителските објекти каде што се служи храна/пијалак, кои се во состав на трговски центри/молови.
Владата на вчерашната седница го прифати и предлогот траењето на сертификатот за прележана болест од КОВИД-19, наместо досегашните 45 дена, да трае 180 дена, односно 6 месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест.
Врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести Владата донесе одлука за укинување на одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место. Со оваа одлука е прифатена и препораката бремените жени да се вакцинираат.
Во врска со оваа точка, Владата донесе одлука да се укине барањето за задолжителен КОВИД-19 сертификат за излез од територијата на Република Северна Македонија.