Владата на денешната седница го разреши директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски по барање на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Велковски замина од позицијата како последица на притисокот од јавноста, откако се дозна дека испратил службено возило и службен возач да ја однесе неговата ќерка на одмор.
Лазо Велковски се обидуваше да ја оправда постапката наведувајќи „претходни закани за членови од неговото семејство“.
На местото на Велковски засега не е назначен нов директор.