Владата го усвои предлог-законот за ратификација на Спогодбата со Грција

Сподели

Владата на денешната 74. седница го разгледала и усвоила Предлог – закон за ратификација на Конечната спогодба за решавање на спорот за Грција и за воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните, кој бил предложен од Министерството за надворешни работи.

Предлог-законот за ратификација, со европско знаменце на него, како приоритетен, треба да биде доставен до Собранието на Република Македонија.

Исто така, според соопштението, на денешната седница на владата е разрешен директорот на затворот во Прилеп, Слободанчо Ристески.