Владата на денешната седница го задолжи Министерството за внатрешни работи, веднаш да го испита случајот со одржувањето на верскиот настан во текот на вчерашниот ден во Струга, како и прославата организирана од Министерството за внатрешни работи по повод одбележувањето на Денот на полицијата на Република Северна Македонија, кои претставуваат сериозно непочитување и прекршување на воведените забрани со одлуките, мерките и препораките донесени од страна на Владата, да утврди одговорност и да се преземат соодветни мерки кон одговорните лица и за истото да ја информира Владата.
На оваа своја седница Владата го осуди и вербалниот напад врз новинарот на ТВ Клан на настанот со кој се одбележуваше Денот на полицијата и побара од МВР да се поведе постапка за утврдување одговорност за ваквото однесување и да се санкционират сторителите.