Владата ќе ја одржи редовната 122-ра седница

Сподели

 

Владата денеска ќе ја одржи редовната, 122-ра седница на која согласно предложениот дневен ред, на седницата ќе биде разгледуван Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита и за новата предложена мерка за финансиска стимулација на матичните лекари, доколку бројот на нивните вакцинирани пациенти против ковид-19 надмине 70%.

Исто така, на седницата ќе биде разгледуван Предлогот на закон за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од КОВИД-19 врз производството и откупот на земјоделски производи.

За заклучоците и одлуките од денешната редовна Владина седница, којашто е предвидено да започне во 13:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.