Владата ќе ја одржи својата 42-ра редовна седница

Сподели

 

Владата денескаќе ја одржи ред овната 42-ра седница, на која според предложениот дневен ред, согласно своите надлежности Владата ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На дневниот ред на седницата денеска е Извештај за степенот на реализација на Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија, како и Информација со Извештај за реализирани активности за 2021 година од Националната стратегија за развој на концептот „Eдно општество за сите и интеркултурализам”.

На денешната седница, членовите на Владата ќе го разгледуваат Предлог-законот за ратификација на измените и дополнувањата на Анекс 4 на Централно-европскиот Договор за слободна трговија (ЦЕФТА 2006), со Протокол за дефинирање на концептот на производи со потекло и методите на административна соработка согласно Одлуката на Мешовитиот комитет на Централно европскиот договор за слободна трговија.