Владата усвои акционен план за енергетска ефикасност што го барала ЕУ

Сподели

Владата на вчерашната седница го усвои третиот акционен план за енергетска ефикасност, што Република Македонија се обврзала пред ЕУ дека ќе го донесе до 30 јуни 2016 година, но тоа досега не е направено, соопшти владината прес-служба.

Овој акциски план, според проценките и очекувањата, ќе донесе заштеди на целокупната крајна потрошувачка на електрична енергија во Македонија за 2018 година.

Премиерот и министрите го усвоиле и предлогот за поведување постапка за водење преговори за склучување договор за статус меѓу Владата на Република Македонија и Европската Унија, како и нацрт-текстот на договорот, за акции спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Македонија, како основа за водење на преговори. Со овој договор треба да се олесни учеството на пограничната агенција на ЕУ, Фронтекс, во заштитата на јужната граница и се однесува на начинот на кој ќе дејствува стражата на границата.