Владата на Велика Британија донесе одлука за предвремени избори

Сподели

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, соопшти дека британската влада донела одлука за одржување предвремени општи избори на 8 јуни, јавува Anadolu Agency (AA).

Меј одржа неочекувана прес-конференција по состанокот на Советот на министри, со кој изутринава заседаваше Меј во една од канцелариите од премиерскиот кабинет.

Taa истакна дека Советот на министрите донел одлука за одржување на предвремени општи избори на 8 јуни, и дека утре ќе се достави предлогот до Долниот дом на британскиот Парламент.

За да се одржат предвремените избори, потребно е тоа да го одобрат две третини од пратениците од Долниот дом, составен од 650 пратеници. Конзервативната партија под водство на Меј има 330 пратеници.

Џереми Корбин, лидер на главната опозициска партија, Лабуристичката партија, претходно истакна дека доколку се понуди предлог за одржување предвремени парламентарни избори, ќе го поддржат тоа. Лабуристичката партија има 229 пратеници.

Се предвидува утре во парламентот да се гласа во врска со предвремените општи избори. Изборите инаку требаше да се одржат во мај 2020 година.

Тереза Меј, на 13 јули 2016 година ја презеде функцијата од Дејвид Камерон и стана 76. премиерка на Обединетото Кралство, и втора жена што ја извршува таа фунција.