Владејачкото мнозинство предводено од ДПМНЕ го одби амандманот на пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил-ХАКТАН, со кој се бараше зголемување на посебниот додаток за лицата со попреченост.
Амандманот предвидуваше овие средства да се обезбедат без да се кратат пари од социјални програми, туку преку намалување на расходите за НАТО, за кои државата веќе издвојува несразмерно многу во споредба со сиромашните буџети за социјална заштита.
Со оваа одлука власта уште еднаш покажа дека интересите на најранливите не се на нејзината агенда. Додека лицата со попреченост со години чекаат посериозна поддршка, државата продолжува да троши на приоритети од кои граѓаните немаат никаква корист, реагираат од Левица..
