Најавите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за засилени блокади во време на најголема светска економска криза се најнеодговорен чин, кога има постојан раст на цените на енергенсите, на цените на храната, во услови кога политичките субјекти од цела Европа се обединуваат околу наоѓање начини за заштита на животниот стандард на граѓаните и обезбедување доволно енергенси за претстојната зима.
Преку судските процеси и директни признанија на високите функционери од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните постојано сведочат како оваа партија трошела стотици илјади евра на скап мебел и опрема за опремување на Белиот дворец.
Ако ВМРО-ДПМНЕ вистински сака да направи било што конструктивно, нешто од интерес на граѓаните, наместо да се заканува и уценува со блокади и некаква радикализација нека ги продаде луксузните теписони и лустери во Белиот дворец и парите да ги врати кај граѓаните.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои се грижат само за лични и партиски интереси, кои се противат парите да завршуваат кај граѓаните, СДСМ води политика за враќање на парите кај граѓаните, повисоки плати и унапредување на животниот стандард на граѓаните.
Ниту една уцена или обид за блокада нема да им успеат.