ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да продолжи да ги малтретира скопјани

Сподели

ВМРО ДПМНЕ се единствени виновни за колапсот на јавниот превоз во Скопје.

Сметаме дека е од исклучителна важност граѓаните на градот Скопје да бидат информирани за исходот од седницата на Советот на град Скопје, на која спротивно на јавните ветувања за решавање на предизвиците во градскиот јавен превоз, политичките партии одлучија да гласаат спротивно на потребите на скопјани, се наведува во реакцијата на градоначалничката Арсовска.

Политиката на терање инает со скопјани, партиските интереси и циркузантскиот однос на дел од советниците ги оставија граѓаните на градот Скопје без нови автобуси и среден јавен превоз. Советници кои не гласаа за набавка на нови автобуси се: Трајко Славевски, Тони Бојковски Луке Галески Филип Јаневски, Даниела Костадинова, Мунира Куч, Анета Илиевска – Марковска, Лука Стефаноски, Анита Трајковска, Стево Кирков, Кадри Хаџи-Хамза, Жаклина Шопова, Страшо Ангеловски, Лејла Асани, Славче Јовановски, Василка Китановиќ, Петар Милетиќ, Рејхане Рамадани, Мирдита Салиу, Мартин Стојановски – Сите од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ кои го формираат мнозинството во Советот на градот Скопје.

Граѓаните на градот Скопје треба да знаат дека единствено одговорни за колапсот на јавниот превоз во главниот град е ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција кои сметаат дека со терање инает со граѓаните ќе добијат политички поени во пресрет на локалните избори. Срамот е само на ВМРО-ДПМНЕ.  ВМРО-ДПМНЕ е партија која смета дека граѓаните треба да чекаат по еден час на автобуска станица и на 40 степени и на минусни температури. ВМРО-ДПМНЕ е партија која е одвоена од реалноста. Забеганоста оди до таму што ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција сметаат дека имаат право да им го загорчат животот на граѓаните за да добијат политички поени.

ВМРО-ДПМНЕ ниту прифаќа предлози за набавка на автобуси, ниту пак предлагаат решение.

Наместо предлог, ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција одлучија да ги остават граѓаните на улица да чекаат стари автобуси по еден час, на плус 40 и на минусни температури. 

– Побаравте наместо од задолжување автобуси да се набават од сопствено финансирање, сега барате и конкретен извор. Ви дадовме можност да одберете банка, да изготвите спецификација, да оформите комисија и слично, сѐ да направите вие, а јас само да ја потпишам таа јавна набавка. За да повеќе нема оправдувања, јас од оваа говорница нема да се тргнам сѐ додека не кажете каква одлука сакате, ќе ги прифатам сите амандмани, подготвени сме да направиме и ребаланс на Буџетот, за да гласате. Тоа е единствениот начин денеска да знаеме кој сака да се реши проблемот со јавниот превоз во Град Скопје, а кој не, – рече Арсовска од говорницата во Советот на град Скопје. 

 – Скопјани ова не го заслужуваат, пред вас имате предлог-одлуки и програми кои не се гласаат веќе осми месец, а никој нема забелешки за нив. Ако има забелешка се дава амандман, кажете што не чини за да се корегира. Ќе седиме 24 часа тука, ќе работиме и ќе ја завршиме документацијата онака како што на вас ви одговара, додаде Арсовска. – Средствата за паушалот за советниците се зголемил од 500 на 600 евра, значи денеска за да дојдете и гласате тука земате 600 евра. Имате мнозинство, очигледно е тоа, а денеска би сакала да покажете пред граѓаните, затоа што убаво ве замоли вашиот претседател на партијата да гласате! Сите ќе седиме тука за да ни кажете забелешки, да донесеме и ребаланс ако треба и оваа одлука  да се промени како што вие сакате за да ја гласате и да видат граѓаните кој е тука за да им ги реши проблемите, а кој е тука за да прави проблеми, истакна Арсовска. Срамот е на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која го формира мнозинството во Советот на град Скопје. Граѓаните од денес се сигурни и знаат дека чекаат автобуси на горештини и во студ бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не гласа за нови автобуси бидејќи се подготвени да ги жртвуваат здравјето и животот на граѓаните за политички поени!