Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не го признава резултатот од референдумот зашто го смета за груб фалсификат, заради што денеска ќе поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство против повеќе од 200 лица, претседатели, членови и нивни заменици на избирачки одбори во Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње, Пласница и Сарај.
Партијата смета дека пред, за време и по референдумот направен е груб фалсификат. Во однос на евентуалните избори неопходно е почитувањето на одредбите од законите за Влада и за избори, примена на пржинскиот модел и мандат на новата Влада од 100 дена, рече Николовски.
ЦК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за формирање на општински изборни штабови.