Денеска ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција, по повод логото за 30 годишнината од осамостојувањето на Република Северна Македонија.
“Како комисија за култура на ВМРО – ДПМНЕ најостро го осудуваме изборот на лого за одбележување на 30 годишнината од осамостојувањето на Република Македонија.
Предложеното идејно решение не претставува ништо друго, освен брутално сквернавење на знамето на Република Македонија како симбол на нејзината државност.
Покрај прикажаниот естески аматеризам, предложеното решение го доведува во прашање општественото уредување и историскиот континуитет на македонската државност.
Непостоењето на терминот „Република“ како одредница за општественото уредување и пренебрегнувањето на фактот дека на 8 Септември 1991 година, македонскиот народ гласаше за суверена и независна држава Република Македонија, го прави понуденото решение целосно неприфатливо.
Од овие причини бараме итно и неодложно повлекување и распишување на нов Конкурс со прецизни параметри кои треба да бидат испочитувани при изборот на ново лого.
Потсетуваме, дека понуденото несреќно решение е уште еден доказ во низата недоследности кои Владата предводена од СДСМ ги прави на штета на македонскиот идентитет и државните симболи на Република Македонија”, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.