ВМРО-ДПМНЕ: “Народот е на улица. Народот си ја брани државата. Македонија се буди“

Сподели

„Аболицираниот криминалец Зоран Заев може да тргува со интересите на Вицето и со семејните фирми во кои ги има сокриено милионите евра украдени од народот. Аболицираниот Заев може да се пазари и со интересите на партијата што ја води се додека има поддршка од уценетото криминогено раководство.

Тоа е негов проблем. Тоа е проблем на Вицето и проблем на членството на СДСМ.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев не може и не смее да тргува со највисоките национални и државни интереси само за да си ја спаси кожата и да не одговара за криминалите што ги сторил.

Стотици илјади граѓани на уцентиот Заев, секојдневно му порачуваат дека нема да му ја прифатат Тиранската Платформа и Тиранската Влада што има намера да ја формира и со која ќе ја воведе иднината на Македонија во прашање.

Народот го прочита аболицираниот криминалец Заев. Народот го порази Заев на изборите. Неговата програма доби само 430.000 гласови. Се останато се лаги и манипулации и признание на отстапките кои ги прави и неговата согласност да ја редефинира државата.

Ако сепак Заев е убеден дека платформата му носи поени нека распише избори и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги признае резултатите. Ако мисли дека нема ништо да се смени доколку ВМРО-ДПМНЕ има 62 дебело се лаже.

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли уцените и ја отфрли Тиранската Платформа. ВМРО и јавно соопшти дека нема намера да формира влада по секоја цена.

Заев е исплашен и нема храброст да го стори тоа.

Затоа СДСМ тоне, а граѓаните бараат одговорност.

Не дозволуваат Заев да си договара двојазичност, менување на банкноти, униформи, да си отвара дебати за химната, грбот и знамето и да го стартува процесот на кантонизација и федерализација.

Народот е на улица. Народот си ја брани државата. Македонија се буди“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.