Социјалдемократската младина на Македонија најостро го осудува говорот на омраза и шовинизмот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, упатени кон министерката за финансии, Нина Ангеловска.
Недозволливо е портпарол на парламентарна партија да употребува сексистички изрази и говор на омраза насочен против жените.
Недоличниот и срамен потег на Стоилковски беше осуден од целата јавност, од политичките партии од граѓанските здруженија и движења.
Само Христијан Мицкоски молчи и не го осуди вулгарниот чин на неговиот портпарол.
Тоа покажува дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Во ова ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски се уште е присутна матрицата на Никола Груевски.
Матрица на навреди, ширење омраза и понижување на жените.
Мицкоски мора да излезе и јавно да ја осуди шовинистичката постапка на портпаролот на неговата партија.
Во спротивно, ќе покаже дека останува посветен на матрицата на навреди, омраза и поделби.
СДСМ останува посветена на градење концепт на едно општество на еднакви граѓани со еднакви права и обврски.
Во Република Северна Македонија не смее и нема да има простор за дискриминација, шовинизам и омаловажување на жените – се наведува во соопштението на СДСМ.