ВМРО-ДПМНЕ: Не сме задоволни од градоначалничката Арсова

Сподели

 

“Како партија која го поддржа концептот за модерно Скопје и која застана со поддршка зад независната кандидатура на Данела Арсовска искрено верувајќи во овој концепт, можам да кажам дека не сме задоволни од досега сработеното од градоначалничката и сметаме дека малку е реализирано, а може и треба да се испорачаат многу повеќе резултати кои ги заслужуваат скопјани”, изјави денеска Марија Митева, портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

Митева упати и порака до скопската градоначалничка: „Би и порачале на градоначалничката дека наместо неосновани пресметки и упади на прес-конференции, треба да се започне со проекти и со решавање на потребите на скопјани“.