ВМРО-ДПМНЕ за денеска најави нови протести и блокирање крстосници во Скопје, против притворањето партиски активисти и членови за насилствата во Собранието на 27 април.
Преку соопштение ВМРО ДПМНЕ ги повика поддржувачите на протести вечерва во 18 часот пред Министерството за правда, а претходно од 15 – 17 часот часот од партијата на Груевски најавија дека ќе блокираат четирите крстосници: Крстосницата кај Мавровка; – Крстосницата кај Порта Влае; – Крстосницата помеѓу Бул. Јане Сандански и Бул. Србија во населбата Ново Лисиче; – Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.
Судот денеска информира дека на 13 осомничени за насилствата им определил притвор од 30 дена, а на шестмина им е одреден домашен притвор, и треба да одлучува и за одземање на имунитетот на пратениците осомничени за насилствата. Тие се сомничат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.