ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува вчерашното „палење, демолирање, кршење и вандализам на хулигани од СДСМ и Сорос“, рече Илија Димовски денеска на прес-конференција.
Димовски вели дека со вчерашните настани само се креира хаос и се нарушува безбедноста и спокојството на граѓаните, а се предизвикува и огромна материјална штета врз државните институции.
– Вчера СДСМ демонстрираше анархија и беззаконие преку платени маскирани хулигани со една единствена цел, да го предизвика гневот на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија и да поттикне меѓусебно закрвување и конфликт. Ние знаеме дека тоа им е крајната цел. Вчера СДСМ доживеа дебакл и не успеа да ги наполни ниту половина од автобусите резервирани кај превозниците. Тоа се случи бидејќи голем број од членовите на СДСМ кои размислуваат разумно, рационално и кои чувствуваат патриотизам спрема оваа држава, не сакаа да учествуваат во погубното сценарио на Зоран Заев. Вчера СДСМ го допре дното и покажа во каква политичка агонија се наоѓа. Народот јасно виде дека во партијата нема ниту една конструктивна идеја со која би се излегло на политички мегдан и дека сите капацитети на ова раководство на СДСМ се посветени на целосна деструкција, насилство и на вандализам – рече Димовски.
Тој додаде дека вчерашните настани не се ниту борба за слобода, ниту борба за правда, туку борба на криминалното подземје со легитимните државни институции.
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ само креира хаос и ја нарушува безбедноста на граѓаните