ВМРО-ДПМНЕ: Штрајкот на судската администрација е поради стравот од избори на СДСМ

Сподели


download

СДСМ денеска покажа дека штрајкот на мал дел од судската администрација е само во функција на нивниот страв од изборно соочување и продолжение на деструктивното однесување, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Во изминатиот период платата на раководните судски службеници е зголемена над 15 отсто, на стручните судски службеници над 20 отсто, а на административно техничките над 30 отсто. СДСМ е партијата која се закануваше дека ќе палела судови и судиите ќе ги влечела за уши и ќе ги бркала на клоци. СДСМ е партијата која ја води аболициран криминалец што изјавуваше дека за него не постојат македонските судови. СДСМ е партијата која не кажа ниту збор во врска со расипничкото трошење на Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева која на себе и своите соработници дели плати помеѓу 2.000 и 3.000 евра. Затоа лицемерно е кога СДСМ покажува лажна грижа судската администрација додека нивни блиски добиваат огромни плати во СЈО“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат дека СДСМ знае дека нема бегање од одговорноста и дека порано или подоцна правдата ќе го стигне единствениот политичар кој е аболициран за криминал тежок 8 милиони евра.