ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива за интерпелација на Никола Димитров

Сподели

 

ВМРО ДПМНЕ поднесе интерпелација за првиот човек на Секретаријатот за европски прашања.

Во реакција на постапката која што ја поведуваат од ВМРО ДПМНЕ, од СДСМ велат дека тоа ќе биде нов пораз на опозициската партија и нејзиниот лидер Мицкоски.

“Секојдневно се докажува дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, се целосно загубени во времето и просторот, без став, без идеи, без програма, фокусирани само на блокади, на кочења и деструкции на штета на државата и граѓаните. Интерпелацијата за вицепремиерот Никола Димитров е само продолжение на деструктивноста и очајот на ВМРО-ДПМНЕ и докажаниот губитник Мицкоски“, се вели во реакцијата од социјалдемократите.- СДСМ.

За изгласување интерпелација на член на Владата потребни се гласови од 61 пратеник. Од опозициските партии во парламентот со првични најави за поддршка на иницијативата на ВМРО ДПМНЕ.