ВМРО-ДПМНЕ:Состанок со коалицијата во 19 часот

Сподели

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се состане вечерва во 19 часот. Сите коалициски партнери се повикани на состанокот, на кој најверојатно ќе биде соопштена одлуката за коалицирање со ДУИ, објави порталот МКД.МК од извори во коалицијата.

vmro-dpmne_nova_nok_3[1]

 

Претходно се очекува и партиските органи на ВМРО-ДПМНЕ да ја потврдат оваа одлука.

Во тек е седница на претседателството на ДУИ, на која неофицијално се дознава дека ДУИ ќе ја потврди коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

Најверојатно ВМРО-ДПМНЕ го прифатила условот за воведување двојазичност на целата територија, претседателот на Собранието да биде од ДУИ и министерското место за внатрешни работи наводно му е ветено на партнерот од Мала Речица.