ВМРО-ДПМНЕ трошеше на луксуз додека образованието тонеше, новата Влада вложува во квалитетно образование

Сподели

Додека ВМРО-ДПМНЕ 11 години криминално се богатеше и парите на граѓаните ги трошеше на лускуз, скапи споменици и барокни дворци, образованието тонеше, а студентските домови се распаѓаа и се давеа во долгови. Поради таквото расипничко и неодговорно трошење на парите на граѓаните, денеска студентските домови должат над 300 милиони денари, односно околу пет милиони евра.

Поради расипничкото и коруптивно владеење и поради таканаречените образовни реформи на ВМРО-ДПМНЕ кои служеа единствено за богатење на поединци, денеска образованието во Македонија е едно од најлошите во Европа.

Со ребалансот на Буџетот Владата предводена од СДСМ, вложува во квалитетот на образованието и човечкиот капитал и за таа цел се обезбедени нови 35 милиони денари за студентски стандард и 10 милиони денари за ученички стипендии и школарини, а покрај тоа се поправаат штетите и се сервисираат долговите што ги направи ВМРО ДПМНЕ.