ВМРО-ДПМНЕ упорно го злоупотребува пожарот во Тетово за политички цели

Сподели

 

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од политизирање на несреќниот пожар во болницата во Тетово, не се откажува од злоупотреба на чувствата на граѓаните.
 
ВМРО-ДПМНЕ се обидува да профитира на несреќи, ширејќи лажни вести и конструкции кога се уште се чекаат комплетните резултати од истрагата.
 
Дури и споредбите со романската влада не им се точни, распуштањето на Владата на Романија е со подлабоки и посложени причини од она што ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го протне во јавноста.
 
На неколку денови пред локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков проект, никаква визија, туку само лажни вести и конструкции и затоа им следува нов пораз на изборите.