ВМРО-ДПМНЕ: Закон за амнестија на осудените од 27. април

Сподели

-“Пред органите на партијата ќе предложам да изработиме закон за амнестија на осудените лица од настаните од 27 април”, најави Христијан Мицкоски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави и дека законот ќе биде предложен и до Собранието, а ќе побара и поддршка од пратеникот Зијадин Села.

„Да не зборувам за сите нерешени случаи на убиства по скопските улици, за сите оние тероризирања, обиди за убиства што се случуваат, пресметки со ножеви, а сите тие се квалификувани како насилство, а сега имаме пресуда од 81 година затвор. Очигледно е дека тука имаме политичка пресметка, а не докажување на кривично дело“, изјави Мицковски.