Во 11 часот прес на Филипче: Дали комисијата предлага нови рестриктивни мерки?

Сподели

 

За денеска, во 11 часот е закажана прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче. На неа се очекува тој да информира јавноста за новите препораки на Комисијата за заразни болести до Владата.

Комисијата за заразни болести, како што е најавено, треба да одржи состанок на кој ќе ја разгледа епидемиолошката состојба во земјава.

-На состанокот ќе се анализираат трендовите и инциденцата по региони, како и бројот на хоспитализирани, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.