Битола ќе добие нова детска градинка што ќе згрижува над 150 деца

Сподели

 

Битола ќе добие нова детска градинка со капацитет за згрижување на околу 150 деца.

Локацијата е избрана во Нова Битола, во југозападниот дел од градот, спроти основното училиште „Св. Климент Охридски“, со капацитет за згрижување на најмалку 147 деца на возраст од 6 месеци до 6 години.

Изградбата на новата градинка во Битола е дел од Компонентата 2 од Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјална политика, што е поддржан од Светска Банка, а чија цел е проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на системот за згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст, велат од Министерството за труд и социјала  политика.

апла.мк