Во Егејско море во последните шест месеци се спасени 26.147 бегалци

Сподели

И во четврток е спасена една група од 55 бегалци, кои во гумен чамец се обиделе да преминат од Турција на некои од грчките острови. На бродот се наоѓале 33 сириски, 10 Авганистанци, три лица од Мали, тројца Ирачани и по еден од Ангола, Гана и Алжир.

thumbs_b_c_cbfc9f72bd39ef2ee01b672ad33cdc1f

ИЗМИР (АА) – Во акциите спроведени во изминатите шест месеци во Егејското Море, а со цел да се спречи нелегалните премини на бегалците од Турција во Грција, припадниците на крајбрежната стража на земјата спасија 26.147 луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).

Спроведени се 573 акции кои се интензивираа со цел спречување на илегалните преминувања на границата, а со тоа се спречува и гинење на бегалци од Сирија и некои африкански земји. Само во јуни, како дел од “Акциите на надежта во Егејското Море” се спасени 509 бегалци.

И во четврток е спасена една група од 55 бегалци, кои во гумен чамец се обиделе да преминат од Турција на некои од грчките острови. На бродот се наоѓале 33 сириски, 10 Авганистанци, три лица од Мали, тројца Ирачани и по еден од Ангола, Гана и Алжир.

Според податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), оваа година во близина на Егејското море загинаа 3.000 бегалци.