Во Филхармонија “Ода на Радоста” – Дино Имери, пијано

Сподели

 

Филхармонија, 8 ноември, почеток во 20 часот, “Ода на Радоста” – Дино Имери

По концертите во Белград и Софија, Дино Имери настапува во Скопје со изведба на едно од најубавите и најмонументални дела од светската литература – Деветтата Симфонија на Лудвиг ван Бетовен позната како “Ода на Радоста”.
 
Делото напишано во оригинал за симфониски оркестар, хор и вокални солисти, ќе биде премиерно изведено во Македонија во аранжман за пијано на големиот Франц Лист.
 
Дино Имери е еден од најреномираните македонски пијанисти, а бележи бројни домашни и меѓународни успеси. Светската критика го нарекува “Волшебник на пијаното”. Остварува соработки со реномирани уметници, оркестри, а настапува на престижни сцени.
 
„Дино Имери не само што ја изведува музиката, скоро како да ја компонира во моментот. Неверојатен и рафиниран квалитет на звукот, беспрекорна техника, инструментална култура и фасцинантна слобода со еден неверојатен интерпретациски квалитет во неговите изведби – ова е краток опис на неговото големо умеење.“ (Е. Дочева, kultura.bg)
Концертот е поддржан од Министерството за Култура на РСМ