Во Грција годинава се затворени над 15.000 фирми.
Зголемените даноци и исклучувањето на пристапот до ликвидните средствата од банките, придонесе да се затворат 15.435 компании во првите пет месеци од оваа 2016 година. Ова го изјави претседателот на Стопанската комора на Грција, Константинос Колијас.
Тој вели дека Владата мора веднаш да ги намали даночните стапки, да продолжи да го решава прашањето со лошите кредити и да исплаќа поврат на данок. Тоа значи дека Владата мора да ги извршува своите обврски кон приватниот сектор, како што исполнувањето на тие обврски се очекува од даночните обврзници, пренесе АНА.