Во какви нехумани услови претстојува Бекер во затвор – Обожувал јастог, а сега е осуден на месен нарезок!

Сподели

Легендарниот Борис Бекер е осуден на две и пол години затвор, а таму веќе се соочува со разни несреќи.

фото: ames Manning/PA Wire

Германски Билд пишуваше за тешките услови кои го чекаа во озлогласениот затвор Вандсворт, а сега се појавија повеќе детали.

Како што пишува англиски „Сан“, најголемиот проблем на Бекер е храната, и тоа што не бил задоволен од количината на храна што ја добивал.

Весникот потсети дека Германецот е љубител на кубански пури, добро вино и елегантни ресторани.

Џепарлакот на Бекер е 10 фунти неделно во затвор. Тој наводно ги користи за да купи чоколадо, бисквити и банани за да ги надополни оброците од затворската менза.

Незадоволен е и од вревата што ја прават другите затвореници бидејќи му го нарушува сонот.

Тешко му е, а најтешко му паѓа лошата храна. Не може да поверува колку е лошо и колку се мали порциите. Еден од неговите први оброци беше солено говедско месо и тоа не било добро.

Шокиран е и од нехигиената во преполниот затвор. “Условите се очајни, речиси нечовечки. Ќелиите се студени и речиси и да нема дневна светлина. Сето тоа е шок за него”, рекол неименуван извор за Сан.

Она што е олеснителна околност е што поранешниот тенисер и екс тренер на Џоковиќ по неколку недели ќе биде префрлен во затвор со слабо обезбедување.

На новата локација треба да помине само девет месеци, а остатокот од казната во домашен притвор со електрична јака околу ногата.

The post Во какви нехумани услови претстојува Бекер во затвор – Обожувал јастог, а сега е осуден на месен нарезок! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico