Во Кина затворени над 14.000 компании за правење видео игри

Сподели

 

Од јули 2021 година, Кина го „замрзна“ производството на видео игри. Така, од август до сега 14.000 компании кои се занимаваа со гејминг целосно се затворија. Ова е резултат на „борбата на Кина против зависноста од видео игри особено кај помладите генерации“. Во Кина за да се издаде нова игра на пазарот мора да биде одобрена од владата, пренесува мета.мк. Претседателот на Кина Си Џипинг го отвори прашањето за зависност од игри во март 2021 година за време на Кинеската Народна Политичката Консултативна Конференција. Имено, луѓе што немаат допирни точки со гејмигот како врвни политичари решаваат која игра ќе излезе или нема да излезе.

Додека гејмерите низ целиот свет се залагаат против цензура од било кој вид и се борат за правото да можат да играат секакви игри дома и да бидат дел од некогашната суб-култура што сега станува мејнстрим. Поради пандемијата и зголемената употреба на компјутери и други уреди, играњето видео игри стана секојдневие за сите од 7 до 77 -од баби во автобус што играат „Puzzle bubble“ на мобилен, преку млади и средовечни кои играат ММО-а („Massive Multiplayer Online“), до најмлади генерации што со елан ги вежбаат најпопуларните игри со повеќе играчи. 

Најинтересно е што при разговорите за тоа колку е „заразно“ играње игри, воопшто не се обрнува внимание на други такви активности како на пример „заразноста“ од телевизијата и воопшто во тој контекст никој не зборува за цензурирање „насилни филмови“ кои ги има премногу, ниту пак, го презентираат тоа како проблем во релација со гемингот.

Од друга страна играњето е поинтерактивно од телевизијата и развива концентрација, создава брзи рефлекси и ја подобрува координацијата, а да не спомнуваме само колку ја развива фантазијата која е клуч на креативноста и воопшто способноста за размислување и подобро и побрзо решавање логички проблеми. Играњето игри е здраво хоби особено во 21 век кое ги отттргнува играчите од други реално опасни вистински зависности како дрога и алкохол. 

Кина го има девелоперот на игри „Tencent“ којшто ги одржува игрите „League of Legends“ многу популарна МОБА („Multiplayer Online Battle Arena“) особено кај помладите генерации. Но, дали „Tencent“ ќе биде затворен како и другите компании сè уште не е познато.