Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје нема хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 46 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.
Приеми немало ниту во ковид центарот во ГОБ 8 Септември и на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома е пуштен еден оздравен пациент.
Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 7 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 14 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 25
пациенти.
Вкупно 46 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.