Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 7 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 355 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 2 приеми и тоа по еден пациенти бил хоспитализиран на Клиниката за дерматологија и на Клиниката за гастроентерохепатологија.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало три нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника два во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 10 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 21 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 20 пациенти, на Клиниката за очни болести 5 пациенти, а на ОРЛ 19 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 103 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 90 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти.
Вкупно 355 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 120 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.